Шок за Црвените, заминува капитенот?

Ливерпул може да остане без капитенот Џордан Хендерсон откако преговорите за нов договор наидe на пречка. Имено, на англискиот играч му останаа уште две години од договорот со гигантот од „Енфлид“ и бара сигурност дека и натаму ќе биде клучна фигура во составот на Јирген Клоп.

Финишот на минатата сезона го помина на рехабилитација, по што доби ограничена минутажа во англискиот состав на Саутгејт на Европското првенство, во кое Гордиот Албион го загуби финалето од Италија.

Во меѓувреме се појавија два гиганти кои се интересираат за услугите на ексиграчот на Сандерленд, а тоа се Атлетико Мадрид и ПСЖ. Светците веќе ангажираа еден играч од редовите на Ливерпул, без отштета го потпишаа Џини Вајналдум, за кого Клоп уште нема најдено замена, а сега може да остане без уште еден клучен фудбалер од средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести