Фатих Терим има Коронавирус, објавија турските медиуми откако тестот на популарниот Император бил позитивен.
Терим има 66 години и се наоѓа во популацијата што е меѓу најзагрозените од опасниот вирус. Тренерот на Галатасарај е една од најпопуларните спортски личности во Турција и дури трипати беше селектор на оваа земја.
Од 2017 година е тренер на Галатасарај, што му е четврти мандат во различни периоди во редовите на турскиот гигант и еден од најтрофејните клубови во Европа.
Терим беше тренер и на Фиорентина и на Милан во Серија А.