Шок за ѕвездата на Милан – Вчера ја славеше титулата а денеска дозна дека ќе треба да плати 20 милиони евра

Милан го освои првото Скудето по пауза од 11 години, а вчера низ улиците на Милано се славеше овој успех.

Рафаел Леао беше еден од најдобрите играчи на овој тим, а по вчерашното славје, денеска го дочекаа шокантни вести.

Тој на на својот поранешен клуб Спортинг Лисабон ќе треба да му исплати неверојатни 16.5 милиони евра отштета, плус интерес, сума која што вкупно ќе достигне од 20 милиони евра.

Судот во Милано денеска пресуди во корист на „зелено-белите“ откако беше отворен случај во 2018 година, по присилниот раскин на договорот и заминувањето на Леао во Лил.

Во моментов, тој има примања од 1.5 милиони евра по сезона, а се шпекулира и нов договор со Милан кој што би бил до 2027 каде што тој ќе заработува по четири милиони на годишно ниво, а тоа значи дека сите пари што ќе ги заработи, ќе треба да ги даде на својот поранешен клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести