Шокантен прекин на една блескава кариера

Вистинско изненадување се случи во светот на кошарката. Шпанецот Рики Рубио одлучи да се повлече од професионалните активности и одреден период нема да биде на теренот.

Искусниот 32-годишен Рубио прави прекин на кариерата поради психички проблеми. Тој ја напушти шпанската репрезентација и најави дека сака да се посвети на своето здравје.

Кошаркарот на НБА тимот Кливленд засега зема пауза, а не се знае дали и кога би можел повторно да се врати на паркетот. Тој има активен договор со Кливленд до 2025 година.

„Решив да ја прекинам кариерата за да се посветам на моето ментално здравје. благодарам на сите за поддршката која ми ја давате и би ве замолил да ја почитувате мојата приватност, како би можел да се изборам во овие тешки моменти. Повеќе имформации ќе добиете кога ќе почувствувам дека има потреба од тоа“, објави Рубио.

Шпанецот на големата кошаркарска сцена се промовираше уште како тинејџер во дресот на Хувентут. Направи трансфер во Барселона, а потоа замина во НБА каде е веќе 12 години, каде играше за Минесота, Јута, Феникс и Кливленд кој е и негов актуелен клуб.

Во текот на НБА кариерата има просек од 10,8 поени и 7,4 асистенции по меч. Како дел од шпанската репрезентација се радуваше на две злата од Европските првенства, како и на злато од Светско првенство. Има и две европски бронзи и сребро и бронза од Олимписки игри.

 

- Оглас -

Најнови вести