Шокантна објава на „Марка“: Можно е Ѓоковиќ да има корона-вирус

Шокантнта вест објави шпанската „Марка“ со загриженост дека е можно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ да има симптоми на корона-вирус.

Популарниот Ноле имал контакт на „Адрија тур“ со кошаркарот на Партизан Никола Јанковиќ, за кого е потврдено дека има позитивен тест на ковид-19.

На егзибициските турнири под името „Адрија тур“ играат уште неколку познати тениски имиња и можно е и тие да имале контакти со кошаркарот.

Меѓу повиканите како гости на Ѓоковиќ на турнеата низ дел од земјите од поранешна Југолсавија се и: Доминик Тим, Александер Зверев, Григор Димитров, Душан Лајовиќ, Филип Краиновиќ, тенисерката Јелена Јанковиќ…

Кошаркарот на Партизан, Јанковиќ, според „Марка“, има асимптоматски знаци на вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести