Шокантна сцена во Мадрид, тенисер се караше со судијката: Дајте ми кафе! (Видео)

Францускиот тенисер Корентен Муте приреди несекојдневно шоу за време на мастерс-турнирот во Мадрид.

Тој се расправаше со главната судијка на столот, и тоа не поради некој спорен поен, туку бараше да му биде овозможено да се напие кафе.

„Не можеме да ти понудиме кафе“, беа зборовите на судијката кои го налутија Муте.

„Имаме разни пијалоци, банани, Кока-кола, а ти ми велиш дека е невозможно да се напијам кафе“, рече тенисерот, кој заклучи дека најверојатно „забраната“ е затоа што натпреварот не се играше на некој од главните, туку на страничен терен.

„Не е важно каде се игра, не можеме да обезбедиме кафе“, повторуваше судијката.

„Не барам кавијар од тебе“, продолжи Муте на свој начин, по што судијката му рече да престане да се расправа и дека е време за играње.

На крајот желбата му ја исполни еден од навивачите, кој му донесе кафе, но тоа не му помогна, Муте во тај-брејкот во решавачкиот трети сет загуби со 12-10.

Еве како изгледаше кавгата на тенисерот и судијката:

- Оглас -

Најнови вести