Шокантно: НФЛ-играч ја претепа својата девојка пред бебето (ВИДЕО)

Зек Стејси, кој своевремено играше во НФЛ-лигата, брутално ја претепа неговата девојка и мајка на негово дете.

Ова дело го направи само на неколку метри од бебето, силно удирајќи ја Кристин Еванс пред нивното петмесечно бебе.

„Го молев да престане, но тој ме удри неколку пати во главата. Потоа тој ме зеде и ме фрли во телевизорот“, напишала Еванс во записникот на полицијата.

Целиот инцидент се случил минатата сабота, а јавноста во САД е шокирана од ваквото однесување на некогашниот играч во најпопуларниот спорт во нивната држава.

- Оглас -

Најнови вести