Шокираше со својата постапка: Младата ѕвезда на Баерн Минхен покажа колку нема почит (Видео)

Баерн Минхен остана без еден од трофеите кои ги планираше оваа сезона, а тоа е тој во Купот на Германија. Најтрофејниот германски клуб беше елиминиран, и тоа во Минхен на неговиот стадион од Фрајбург.

Историска прва беше победата за Фрајбург во Минхен против Баерн, а по мечот, тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх, дојде на теренот да се поздрави со фудбалерите. Кога дојде до Џамал Мусијала, младата ѕвезда на Баерн Минхен воопшто не сакаше да му подаде рака на противничкиот тренер, дури избегнуваше да го допре.

Едноставно, момчето кое има само 20 години и се очекува да биде голем фудбалер, покажа дека му треба уште многу време да покаже дека е голем човек.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести