Шортс ги освои срцата само со два меча за Македонија: Се чуствувам како дома, поддршката е неверојатна

Ти-Џеј Шортс, американецот со македонски пасош, само со два меча ги освои срцата на сите во Македонија, а вечерва беше главниот актер во драматичната победа по едно продолжение против Данска.

Бекот одигра извонредно и со 33 поени нè предводеше до драматична победа од 74:71.

„Им честитам на Данците за големиот отпор што го пружија. Ѝ благодарам и на публиката во Гевгелија за големата поддршка. Постојани ни даваа ветар во крилјата за да успееме да победиме. Се чувствувам како да сум дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука“, рече Шортс.

Тој имаше и шест асистенции и пет скока, а беше извонреден и во клучните моменти. Погодоуваше и кога губевме со двоцифрена разлика, а во самиот финиш на регуларниот дел, на 14 секунди до крајот израмни на 64:64 и ни донесе продолжение.

И потоа го решеташе кошот на Данците и е најзаслужен за четвртата победа по ред во Д групата од претквалификациите за настап на ЕП во 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести