Шортс: Јас сум најдобриот плејмејкер во Европа!

Американецот со македонски пасош и наш репрезентативец, Ти Џеј Шортс, верува дека е најдобар плејмејкер во Европа и дека треба да го добие признанието за најкорисен кошаркар во Евролигата.

„Мислам дека можам да кажам дека сум најдобриот плеј во Европа. Ова што го кажувам не е непочитување кон другите, тоа е само мое убедување. Имам голема почит што можам да одам рамо до рамо со Факундо Кампацо, Мајк Џејмс, Шејн Ларкин, кои ги ставам на врвот на оваа хиерархија“, изјави Шортс за „Лекип“.

Шортс беше МВП на Лигата на шампионите, па на Еврокупот, а сега е сериозен кандидат за најкорисен и во Евролигата. Статистички тој има одлични бројки, но неговиот тим Парис заврши на осмото место и тоа може да биде хендикеп во трката за признанието бидејќи најчесто МВП е најдобриот играч на најдобрата екипа во лигата.

- Оглас -

Најнови вести