Шоу: Човек бараше совет од Хабиб што да направи по неверство на девојка му (Видео)

Рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, кој ја заврши кариерата како непоразен шампион во Ултимејт фајт, уште е топ тема во светските спортски медиуми, па се појавуваат и стари снимки кои покажуваат и каква смисла за хумор има Хабиб.

Навивачот облечен во дрес на НБА-тимот Бостон селтикс му се пожали на Хабиб дека девојката го изневерила со борецот Хорхе Масвидал, па го праша Русинот дали ако почне да тренира, би можел да го претепа Хорхе.

„Колку години имаш?“, праша Хабиб, по што следува одговор 26.

„Штон имаш 26, престар си. Купи си куче. Со куче на твоја страна, можеби и ќе имаш шанса против Хорхе. Обиди се со куче, на пример пит бул, би било многу подобро“, му советува Хабиб на навивачот во ова смешно видео.

https://twitter.com/i/status/1321538868437536768

- Оглас -

Најнови вести