Шоу на Бака за крај – Вилјареал го декласира Макаби (Видео)

Ветеранот Карлос Бака имаше свое шоу на последниот меч од третото коло во Лигата на Европа и со два гола и една асистенција го предводеше Вилјареал до убедлива победа од 4:0 против Макаби Тел Авив.

Последниот меч од третото коло заврши точно на полноќ, а доцнеше над еден час поради големото невреме. Силен дожд го потопи теренот на стадионот „Дела Серамика“, па дури беше неизвесно и дали ќе се игра.

Сепак, невремето сопре и мечот почна во 22.10 часот и заврши со убедлив триумф на шпанскиот тим.

Бака ги постигна првите два гола, потоа одлично му асистираше на Баена, па веднаш беше заменет, а потоа печат на високиот триумф на Жолтата подморница стави Нино со гол за прво место во И групата со максимален ефект од 9 бода.

- Оглас -

Најнови вести