Шоу на „Бернабеу“: Седум гола, хет-трик на Бензема, деби од соништата за Камавинга и пресврт-победа на Реал (видео)

Реал Мадрид во голем стил се врати на „Сантијаго Бернабеу“ откако со убедливи 5-2 триумфираше против Селта Виго во мечот од четвртото коло од Ла Лига за преземање на врвот на табелата со 10 бода.

По повеќе од една сезона, Кралевите заиграа на теренот од својот дом и приредија вистинско шоу за публиката, иако не го започнаа мечот на добар начин. Во четвртата минута, по грешка на одбраната, Мина шокираше со водечки гол за тимот од Виго, па Бензема мораше да израмнува 20 минути подоцна. Серви одново ѝ донесе предност на Селта по половина час игра, па резултатот од 2-1 беше поставен во првото полувреме.

Со вториот гол на мечот Бензема веќе на стартот од вторите 45 минути повторно израмни, за Винисиус во 54-тата минута со ефектна реализација да оствари пресврт во резултатот. Во меѓувреме влезе во игра новиот играч на Кралевите, Едуардо Камавинга, а само шест минути подоцна своето деби го круниса со прв гол за новиот клуб, за во финишот Бензема од пенал да го комплетира хет трикот и да ги постави конечните 5-2.

- Оглас -

Најнови вести