Шоу на „дедото“ Волкановски: „Заспа“ на прес-конференцијата додека зборуваше Топурија (Видео)

Австралискиот борец со македонско потекло, светскиот шампион во перолесна категорија на УФЦ, Александар Волкановски, „заспа“ за време на прес-конференцијата пред борбата за титулата против грузискиот Шпанец Илија Топурија.

Додека Топурија одговараше на едно од прашањата, Волкановски се наведна на столот и ги затвори очите, глумејќи дека спие. Бразилскиот борец Пауло Коста дојде на помош и „го разбуди“ Алекс.

Борбата за титулата во перолесна категорија во УФЦ меѓу Волкановски и Топурија ќе се одржи во Анахајм (САД) в недела рано наутро по македонско време. Во Sport Life може да се обложите кој ќе победи, во која рунда ќе заврши борбата, начин на победа, и комбинација од начин на победа со рунда.

Топурија во една прилика го нарече Волкановски старец, па нашинецот кој е девет години постар од предизвикувачот за титула, денеска се појави облечен како старец, а и така се однесуваше, набрзина и дремна додека Топурија даваше изјава.

- Оглас -

Најнови вести