Шоу на селекторот на Италија: Ги прегрнуваше Србите, потоа и Италијанците, а на крајот скокна директно кај Адетокумбо (Видео)

Селекторот на Италија Џанмарко Поцеко имаше свое шоу на мечот против Србија што на крајот заврши со радост на Аѕурите. Поцеко беше исклучен на средината од третата четвртина, но и без него на клупата, Италија направи сензација и ја елиминираше Србија.

По завршување на дуелот, Поцеко прво им честиташе на сите српски кошаркари, покажувајќи почит кон противникот, а потоа се радуваше со своите избраници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIBA EuroBasket (@eurobasket)

Шоуто на Поцеко не заврши тука. Кога заминуваше кон соблкувалната, во тунелот пред него се појави Јанис Адетокумбо. Првата ѕвезда на Грција беше збунета кога италијанскиот селектор буквално скокна во прегратка на Адетокумбо, кој со насмевка ја прифати оваа радост на селекторот на Италија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести