Шоу на Серсе Козми: Сакав 11 лавови, но имам пауни, по крајот на полусезоната ќе ги пратиме во к***ц

Тренерот на Ријека, Серсе Козми направи шоу на прес-конференцијата по поразот на неговиот од Истра со 0:1 во 15-то коло во хрватска лига.

„Сите видовте два тима, еден кој знае да игра фудбал, а друг кој има проблеми. Само една недела по доаѓањето во Ријека реков дека ќе имаме проблеми со 12 ноември. Овие фудбалери не можат повеќе од ова, немаме рамнотежа во тимот. Ако имате ма**ња тогаш мора да дадете барем еден гол во последните 20 минути.

Потребен ни е целосен ремонт и тој ќе го направиме од ноември. Тоа го знае и управата, а ако јас сум одговорен, го прифаќам и тоа. Сакавме 11 лавови? Епа, сакав и јас, но некој е роден како лав или тигар, а некој како паун.

Овие играчи не можат подобро. Ни Мурињо не би извлекол повеќе од нив. Ќе издржиме до крајот на полусезоната и потоа ќе ги пратиме во к***ц, па да ја промениме приказната“, рече Косми на прес-конференцијата по натпреварот.

Италијанецот на клупата на Ријека седна на 4 септември, но не донесе некој напредок во играта и тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата со 12 освоени бода во 15 меча.

- Оглас -

Најнови вести