Шоу на Таварес, Реал не дозволи уште еден пораз на 6. ноември

Еди Таварес беше брилијантен во текот на целиот меч против Жалгирис, а особено добро одигра во финишот за Реал Мадрид и беше главен актер во победата на Кралскиот клуб од 93:90.

Репрезентативецот на Зеленортските острови постигна вкупно 22 поени, имаше и 12 скока, а од последните 11 поени на гостите постигна 7 со неколку клучни офанзивни скокови.

Со Таварес одличен меч за Реал Мадрид одигра и Кампацо, кој исто така имаше дабл-дабл учинок од 19 поени и 10 асистенции.

Кај Жалгирис се истакнаа Волкап со 18 поени и Григонис со поен помалку, но домаќините беа слаби во финишот на мечот и дозволија пресврт и втор пораз во Евролигата.

Претходно Фенербахче успеа да го победи Химки со 83:71 на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести