Шоу на тренерот на Фрајбург: Прво ги „истепа“ сите на клупата, па ги гушкаше (Видео)

Во првиот меч од 30. коло на Бундеслигата, Фрајбург синоќа со 1:0 славеше против Борусија Менхенгладбах. Ова е прв триумф на Фрајбург по враќање на теренот по двомесечната пауза, а стрелец на единствениот гол беше Петерсен во 58 минута. Погодокот на Петерсен може да го видите ТУКА.

По завршување на мечот, домаќините започнаа со славје, во кое предничеше тренерот Кристијан Страјх. Стратегот токму многу беше радосен што буквално почна да ги удира членовите од стручниот штаб и играчите кои беа на клупата за резерви. Најлошо помина еден од помошниците на Страјх кој доби жесток удар во лицето, а потоа доби и гушкање од тренерот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести