Шоу што мора да се погледа – Кари кога игра, се случуваат неверојатни работи (Видео)

Стефон Кари ќе има уште една шанса за плејоф со Голден стејт вориорс против Мемфис гризлис, но без разлика на поразот од Лос Анџелес лејкерс, еден од најдобрите бекови во историјата на НБА-лигата одигра маестрална партија баскет.

Постигна 37 поени, со неверојатна леснотија постигнуваше тројки од огромна далечина, ја влечеше речиси сам локомотивата на Воините, но иако не успеа да го дотурка возот до победа и плејоф, вреди да се погледне шоуто на Кари во интересна презентација со видеоматеријал од најдобрите потези против Лос Анџелес лејкерс.

Голден стејт ќе игра нокуат-меч против Мечките од Мемфис и ако победи, ќе му излезе на мегдан на најдобриот тим во Лигата по регуларниот дел на сезоната, на Јута џез.

- Оглас -

Најнови вести