Шоу во најава, тимот на Марадона сака да го ангажира Роналдињо!

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо, би можел да се реактивира и да заигра за аргентинскиот клуб Гимназија Ла Плата, чиј тренер е славниот Диего Марадона. Доколку оваа шпекулација се обвистини и некогашниот најдобар фудбалер на светот потпише за тимот на еден од најдобрите во историјата, спектаклот е загарантиран, со оглед на тоа дека двајцата се контроверзни личности.

Роналдињо е пензиониран од лани, три години откако во 2015 година се раздели со Флуминенсе како негов последен клуб, а сега има 40 години и се наоѓа во хотел во кој отслужува куќен притвор во Парагвај, каде беше уапсен поради користење на фалсификувани лични документи. За него, Гимназија се интересираше и во 2016 година кога му нудеа годишна плата од 1,5 милиони евра, но тогаш Марадона не беше нивен тренер.

Дали трансфер бомбата ќе експлодира во Ла Плата, ќе се знае откако Бразилецот ги реши проблемите со законот во Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести