Шоуто на Богдановиќ стана историско

Србија со максимален учинок во групите се пласираше во нокаут-фазата од Мундобаскетот кој се одржува во Кина. Триумфот над Италија не беше посебен како против Ангола и Филипини, во кои Орлите постигнаа над 100 поени, но од денешната средба ќе се памети настапот на Богдан Богдановиќ.

Кошаркарот на Сакраменто кингс со 31 поен ја предводеше својата селекција, додаде и пет асистенции и пет украдени топки во својот учинок. Така се наметна како прв кошаркар што запишал статистика од 30+ поени, 5+ асистенции и 5+ украдени топки на Светските првенства, за првпат по 1994 година.

Неговото шутерско шоу потврди дека Србите се опасни од сите позиции, иако имаат исклучително квалитетни центри кои доминираа досега во рекетот.

- Оглас -

Најнови вести