Шоуто во Истанбул мора да продолжи, Икарди сега и официјално е член на Галатасарај!

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, сега и официјално е член на Галатасарај, откако настапуваше за нив и во минатата сезона, но како позајмен од ПСЖ. Парижаните потврдија дека се разделуваат со Икарди, а тој со семејството веќе е во Истанбул.

Договорот е на три години, а Галатасарај на Светците ќе им плати обештетување од 10 милиони евра.

Икарди со своите голови даде голем придонес во освојувањето на титулата на Галатасарај во турската лига, а сега може да им помогне и во квалификациите за Лигата на шампионите, да пробаат да се пробијат до групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести