Малиот Кадис му покажа на Јувентус како се потопува Жолтата подморница (Видео)

Шпанија и остатокот од фудбалскиот свет со нетрпение го чекаат почетокот на новото „Ел Класико“ и дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона, вечерва од 21 часот, а денешните три премиери од 29. коло беа скромни со само два гола.

Ги постигнаа Еспањол за победа од 1:0 против Мајорка и Кадис за триумф со ист резултат против Вилјареал

Жолтата подморница беше потопена во финишот на мечот, а јунак на Кадис беше Рубен Собрињо со погодок во 90. минута.

Голот на Собрињо за победа на Кадис можете да го погледнете ОВДЕ.

Вилјареал во средата го елиминира Јувентус во Лигата на шампионите и си обезбеди четвртфинале, но вечерва потфрли во меч од Ла Лига.

Селта и Бетис ремизираа 0:0, а колото завршува со два меча вечерва, меѓу Севилја и Реал Сосиедад и вечното шпанско дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести