Шпанија – Англија 10:0, Емери влезе во историјата

Вилјареал го победи Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на Европа, иако англискиот тим важеше за фаворит пред мечот. Дуелот по 90 минути беше 1:1, а така остана и по дополнителните 30 минути, па затоа мораа да се шутираат пенали. Во пенал рулетот, Вилјареал победи со 11:10 и на тој начин продолжи една одлична низа на шпанските екипи.

Во последниве 20 години кога шпанска екипа играла во финале на УЕФА натпреварување, секогаш пехарот завршувал во земјата на Црвената фурија. Тоа што е поважно е дека англиските екипи веќе имаат кошмар кога за ривал имаат тим од Шпанија во финалето.

На последните 10 финалиња меѓу екипи од Шпанија и тимови од Англија, победникот секогаш бил тимот кој доаѓал од Пиринеите. Во четири од овие 10 финалиња бил Манчестер јунајтед кој ги губеше финалињата во ЛШ во 2009 и 2011 година, како и борбите за трофеите во Суперкупот во 2017 година, како и синоќешниот пораз од Вилјареал.

Додека фановите на Манчестер жалат, вистински херој е тренерот на Вилјареал, Унаи Емери. Овој стратег е првиот кој успеал да стигне до четири титули во Лигата на Европа, која е наследник на поранешната УЕФА Куп. Емери се радуваше на овој трофеј во 2014, 2015 и 2016 година со Севилја, а сега тоа му успеа и со Вилјареал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести