Шпанија го доби најмладиот репрезентативец во историјата по пауза од 85 години (ФОТО)

Луис Енрике го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета на претстојниот завршен турнир од Лигата на нациите.

Селекторот на шпанската репрезентација го повика младиот фудбалер Пабло Мартин Гавиера, или попознат како Гави. Членот на Барселона стана најмладиот репрезентативец на Црвената фурија само со 17 години и 62 дена.

Претходно овоа достигнување го држеше легендарниот Анхел Зубиета, кој во далечната 1936 година дебитираше само на 17 години и 284 дена.

Енрике најави дека главна цел е промена на генерациите и подмладување за националниот тим. Шпанија во полуфиналето од Лигата на нациите ќе се соочи со Италија во меч кој се игра на Џузепе Меаца, и тоа на шести октомври.

 

 

- Оглас -

Најнови вести