Шпанија им се поклонува на солзите на Аспас (Видео)

Јаго Аспас со два гола придонесе за победата на Селта против Вилјареал од 3-2, а гостите водеа со 2-0, па ова е прв ваков пресврт за тимот од Виго во последните 16 години. Најдобриот играч на галицијците, Аспас, после последниот свиреж на судијата, не можеше да ги контролира емоциите и заплака од радост.

Можеби Меси е главна ѕвезда и прв стрелец во шпанската лига, но Аспас сезонава е подобар од суперѕвездата на Барселона и од сите други во разновидноста. Аспас е единствен поединец кој сезонава постигнал голови со лева нога, со десна нога, со глава, од пенал, и од слободен удар.

Тој на 300 меча во дресот на Селта има 128 гола.

Снимката на која се гледа како Аспас плаче после победата која многу му значеше, предизвика бура од реакции во Шпанија.

https://www.youtube.com/watch?v=M0NRrEKJJkg

- Оглас -

Најнови вести