Шпанија има четири тима кои се во топ 8 во Евролигата, а никој од нив нема да игра финале на купот

Викендов низ голем дел од земјите во Европа се играат завршниците во кошаркарските купови, а необична е ситуацијата во Шпанија, каде што главните фаворити се во аут и не стигнаа ниту до финалето.

Реал Мадрид, Барселона, Басконија и Валенсија се евролигаши, во моментов сите овие тимови се меѓу првите осум на табелата во моќната Евролига, па затоа и чудно е како никој од нив нема да игра финале, а од друга страна се потврдува дека шпанската лига е најсилна во Европа и има неколку силни тимови кои не се дел од европското елитно натпреварување.

Уникаха од Малага е прв финалист, овој тим ги елиминираше големите Барса и Реал, а во финалето за трофејот ќе се бори со Хувентуд или Тенерифе.

- Оглас -

Најнови вести