Шпанија извади луд состав против Норвешка, а Рамос го надмина Икер

На гостувањето кај Норвешка во мечот кој почна пред 15-тина минути, репрезентацијата на Шпанија за првпат после речиси еден век во почетниот состав има 11 фудбалери од 11 разчични клубови.

Во тимот се Кепа од Челзи, Бернат од ПСЖ, Рамос од Реал Мадрид, Албиол од Вилјареал, Навас од Севилја, Саул од Атлетико Мадрид, Бускетс од Барселона, Руиз од Наполи, Себалјос од Арсенал, Ојарсабал од Реал Сосиедад и Родриго од Валенсија.

Серхио Рамос по 168-ми пат игра во дресот на Шпанија, и го надмина досегашниот рекордер Икер Касилјас, кој има 167.

- Оглас -

Најнови вести