Шпанците со голот на Саул Њигес, поведоа на гостувањето кај Норвешка со 1-0, но домашните изедналија во судиското продолжение од пенал. Овој бод не беше доволен за шпански пласман на Европското првенство едната година. Ова беше 700-ти меч во историјата за шпанскиот национален тим, а голот на Саул е 1.400-ти. Со ова, Саул ја продолжи низата од мечеви (за Атлетико, Атлетико Б, и за репрезентацииите во сите категории) без пораз кога дава гол.
Капитенот Серхио Рамос стана рекордер по бројот на настапи (168), а стартери беа играчи од 11 различни клубови, што се случи првпат после 99 години. Славеникот Рамос против Норвешка доби жолт картон и нема да игра на следниот меч против Шведска.
Шпанија на 37 натпревари по ред дава гол, последен пат не успеаја да ја затресат мрежата на противниците беше на ЕП 2016 година против Италија, на чиј гол тогаш стоеше Џанлуиџи Буфон. Светскиот рекорд го држи Унгарија од 66 меча со барем еден гол.