Шпанска сапуница: Додека Пике ја изневерувал Шакира, неговата љубовница во исто време го изневерила со Пеп Гвардиола

Новата епизода во „сапуницата“ Жерар Пике и Шакира и неверството на поранешниот фудбалер на Барселона, доби ново продолжение, и овој пат изневерен е токму фудбалерот.

Фотографот Жорди Мартин тврди дека актуелната девојка на Пике, Клара Чиа, која е причина за разделбата со Шакира, го изневерила Пике и тоа со Хосеп Гвардиола.

„Ќе објаснам како дојде до големото предавство. Веќе и реков да Шакира дека имам докази кога, како и каде е изневерена. Ќе откријам две неверства, тоа од 2016 година и тоа со Клара Чиа“, изјави фотографот Мартин за Унивижн.

Тој потоа објасни дека Клара била девојка на братот на најдобриот пријател на Пике, кој работел во компанијата Космос, која ја основа токму поранешниот играч на Барселона. Пике организирал вечера за вработените во компанијата и на неа била присутна и Клара, во која според фотографот Пике се заљубил на прв поглед.

„Клара беше девојка на братот на најдобриот пријател на Пике кој на прв поглед се вљуби во неа. Пике мислеше дека Клара го остави своето момче кога почнаа да се гледаат, но во тоа време, таа се „смува“ со Гвардиола“, додава фотографот Мартин, кој исто така потенцира дека има и фотографии со кои би ги поткрепил овие тврдења, но планира подоцна да ги презентира во јавноста.

Каталонските медиуми веднаш по тврдењата на Мартин почнаа да се интересираат за љубовниот триаголник и пишуваат дека Клара му била лута на Пике поради неговите афери и му се одмаздила така што спиела со Гвардиола. Таа наводно одела во училиште заедно со ќерките на Гвардиола.

Гвардиола повеќе од 20 години е во врак со Кристина Сера и имаат три деца, две ќерки и син.

- Оглас -

Најнови вести