Шпанска везилка го збуни европскиот првак, Вилјареал не се откажува од пехарот (Видео)

Вилјареал не се откажува од првиот пехар во Суперкупот на Европа и успеа да израмни против Челзи, по прекрасната акција што со гол за 1:1 ја круниса Џерард Морено во 73. минута.

Шпанскиот тим игра многу подобро во второто полувреме, по негативата од 0:1 од 27. минута кога Хаким Зијех им ја затресе мрежата.

Потоа Алберот Морено во самиот финиш на првото полувреме со страотен волеј ја погоди пречката, а пред израмнувањето Џерард Морено ја погоди стативата.

Во 73. минута сепак Жолтата подморница ја круниса иницијативата со гол за израмнување, по блескава акција што е типична за шпанските клубови.

Голот за израмнување на Џерард Морено можете да го погледнете ОВДЕ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести