Шпански „Ас“ има нова епизода од летната трансфер сага: Роналдо го убедил Симеоне да го земе во Атлетико Мадрид

Шпански „Ас“ објави сензационална вест за трансфер на Кристијано Роналдо во Атлетико Мадрид, а според познатиот медиум, ЦР7 успеал да го убеди Диего Симеоне да го земе во клубот кој е голем ривал на Реал.

Кристијано играше за Реал Мадрид и веста на „Ас“ ако е точна е навистина сензација во светот на фудбалот.

Роналдо речиси сигурно си заминува од Манчестер јунајтед, откако и не замина со Црвените ѓаволи на турнеата во Азија и Австралија, а цело лето постојано се шпекулира за кој клуб ќе игра во иднина.

Неговиот менаџер Жорге Мендеш го нудеше на Челзи, на Баерн, на Пари Сен Жермен, а вчера се појави шпекулација дека е можно 37-годишниот напаѓач да се врати во Спортинг Лисабон, вест што тој веднаш ја демантираше.

Имаше варијанта да игра во МЛС лигата во САД, потоа и се појави информација дека одбил баснословна понуда од 250 милиони долари за да игра две сезони во Саудиска Арабија, а сега како последен во низата доаѓа и евентуалниот трансфер во Атлетико.

 

- Оглас -

Најнови вести