Шпански новинар најави разорна бомба: Јувентус кова план да ги спои Роналдо и Меси

Јувентус кова план за да ги спои Кристијано Роналдо и Лионел Меси, објави познатиот шпански новинар Жилјем Балага.

Тој е еден од најдоброинформираните шпански новинари, а во разговор со Твитер заедницата на својот Ју-Тјуб канал најави интересно идно лето.

На Лионел Меси му истекува договорот со Басрелона во јуни идната година, па не е неможна варијантата Јувентус да ги спои двата најголеми фудбалски асови на денешницата.

„Во Јувентус бараат чаре и план како да направат финансиска конструкција за да ги спојат Роналдо и Меси. Истовремено постои опција и да го продадат Роналдо, па тука се е отворено. Има уште неколку клубови што имаат желба да го ангажираат Меси, па дури и да го спојат со Роналдо, а тука пред се е и Интер. Манчестер сити, Челзи, ПСЖ кои имаат амбиции и моќ да го доведат Аргентинецот, ако тој си замине од Барселона“, најави неколку варијанти Балага, за жешко идно трансфер лето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести