Шпански подарок за навивачите – Финалето на купот ќе се игра на Божик

Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) предложи финалето на купот меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад да се игра за време на божикните празници годинава и тоа со присуство на навивачи на трибините.

Двете екипи од Баскија се договорија финалето во Копа дел Реј да се игра само кога ќе има услови на трибините на „Дела Картуха“ во Севилја да има и симпатизери на трибините.

Капацитетот е околу 60 илјади места, а досега единствена пречка за да не се одигра мечот за вредниот пехар е пандемијата со Коронавирус.

Во РФЕФ сметаа дека меч за Божик би бил вистински спектакл со присуство на навивачи на трибините, што би бил и вистински подарок за нив.

УЕФА дозволи да се одложи финалето во шпанскиот куп на неодредено време, што оди во прилог на божикен спектакл во Севилја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести