Шпански судија тврди: Немаше пенал за Јувентус

Ниту еден меч од нокаут-фазата во Лигата на шампиони не може да помине без да се коментира судењето, па така е и со дуелот Јувентус – Атлетико Мадрид. Италијанскиот првак се пласираше во четвртфиналето, а погодокот за влез во следната фаза го даде Кристијано Роналдо од пенал во 84-тата минута.

Играчите на Атлетико протестираа кај главниот судија Бјорн Куперс, но арбитерот беше категоричен дека имало пенал и воопшто не побара помош од ВАР-системот. Федерико Бернардески одлично истрча 30-тина метри, а Анхел Кореа го сопре дури во шеснаесетникот.

Некогашниот шпански судија Андухар Оливер тврди дека пеналот бил непостоечки. „Кореа го допре Бернардески, но тоа не беше доволно за да биде досуден пенал“, вели Оливер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести