Шпанските медиуми му го потпишаа отказот на Чави, веќе го знаат неговиот наследник

Убедливиот пораз на Барселона од 4:1 од Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Супер куп ги натера шпанските медиуми да пишуваат за евентуалната смена на тренерот на каталонскиот тим, Чави Ернандес.

Иако управата на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта засега има доверба во Чави, медиумите веќе тргнаа во потрагата по неговиот наследник бидејќи сметаат дека нема да ја заврши сезоната.

 

Неговиот наследник го пронајдоа во вториот тим на Барселона, тоа е Рафаел Маркес. Според нив, доколку Барселона во следните неколку натпревари не ја подобри играта и резултатите, тогаш Чави ќе добие отказ и ќе биде заменет со Маркес, кој би ја довршил сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести