Шпанците и Италијанците знаат кој ќе ја освои Златната топка

Двајца новинари и една медиумска куќа го открија новиот освојувач на Златната топка.

Станува збор за Лео Меси, кој по седми пат ќе ја освои најпрестижната индивидуална фудбалска награда.

Водителот на познатата шпанска емисија „Ел Чирингуито“, Хосеп Педрерол го кажа, според него официјалното рангирање.

„Лео Меси, Карим Бензема, Роберт Левандовски. Така е редоследот на крајната листа“ изјави Педрерол.

Италијанскиот новинар, Матео Морено, пак, кажа: Меси е победник, неговите пријатели веќе знаат и прославуваат.

Првата информација дека Меси е освојувачот, ја објави националната португалска телевизија, и тоа пред неколку недели.

- Оглас -

Најнови вести