Шпанците ќе играат четири дена во неделата, а нема да се откажат од ВАР-системот

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид со нетрпение очекуваат да ја продолжат борбата за титулата во Примера. Актуелниот шампион Барселона веќе започна со тренинзи, а во Реал стигна информација дека сите фудбалери се здрави и дека никој во клубот не е заразен од опасниот вирус.

Според најавите, Примера дивисион треба да започне на 20 јуни, а последното коло треба да се одигра на 26 јули. Според тврдењата на тренерот на Леганес, Хавиер Агире, мечеви треба да се играат четири дена во неделата, и тоа во среда, четврток, сабота и недела.

Токму поради ваквото темпо на мечеви, ФИФА дозволи да има по пет измени во еден тим на меч, а дозволи и да биде укинат ВАР-системот. Сепак, од Шпанската федерација одлучиле ВАР-системот да продолжи да се користи и во следните натпревари кога и треба да биде познат шампионот во Примера.

- Оглас -

Најнови вести