Шпанците ќе играат на ОИ во Токио, но треба да бидат и загрижени

Со пласманот во полуфиналето на Европското првенство за играчи до 21 година, репрезентацијата на Шпанија обезбеди место на олимпискиот турнир кој ќе се игра по две години во јапонската престолнина Токио.

Шпанците ја уништија Полска со 5-0, и се најдоа меѓу четирите најдобри на Еуро во Италија и Сан Марино, а веќе ја остварија првата цел, да осигураат место на ОИ 2020.

Но, во последните 15 години, Шпанија за фудбалскиот дел на олимписките игри ја врзуваат само лоши спомени. Во 2004 во Атина, во 2008 во Пекинг и во 2016 година во Рио де Жанеиро, Шпанија ја немаше меѓу земјите учеснички. Шпанците играа само во Лондон во 2012 година, но како и да не играа, бидејќи испаднаа во групната фаза, и не постигнаа ниту еден гол.

Токио во 2020 година им е шанса за поправен, или можеби ќе се потврди дека ОИ им се најслаба точка.

- Оглас -

Најнови вести