Шпанците постат, но славеле на осум од последните 12 Суперкуп-дуели

Остануваат два часа до почетокот на дуелот меѓу Реал Мадрид и Ајтрахт Франкфурт во Суперкупот на УЕФА, кој ќе се одигра на Олимпискиот стадон во Хелсинки.

Реал Мадрид како 14-кратен европски шампион и актуелен континентален владетел, е голем фаворит против бундеслигашот од причина што Кралевите имаат многу повеќе искуство во ваквите натпревари. Реал четирипати го освојувал трофејот во ова престижно натпреварување, последен пат во 2017 во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“, кога со 2-1 го надигра Манчестер јунајтед.

Шпанските екипи инаку доминираат во последните 12 изданија на европскиот Суперкуп, во кои дури во осум наврати го освојувале трофејот. Последно Атлетико како тим од Шпанија во 2018 година се радувал на успех, и тоа токму против градскиот ривал Реал, кој вечерва брка петта титула во ова натпреварување.

Сепак, добро е да се напомене дека шпански екипи ги загубија последните две пресметки, лани Вилјареал на пенали против Челзи и Севилја во летото 2020 од Баерн Минхен со 2-1 по продолженија.

Инаку Баерн Минхен во два наврати и по еднаш Челзи и Ливерпул се екипите кои ја разбивале доминацијата на Реал, Барселона и Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести