Шпанците видоа што е снег, а ние во чекална уште се надеваме дека ќе видиме Светско првенство во ракомет

Неизвесноста околу тоа дали македонската машка ракометна репрезентација ќе добие покана за настап на Светското првенство во Египет трае, но дилемите треба веројатно да бидат расчистени до утре бидејќи шампионатот почнува веќе задутре.

Ваков калабалак не се памети, на два дена пред СП да не се знае дефинитивниот список на учесници на СП. Нашите како први резерви од ИХФ се подготвени во секој момент да влетаат, но од час во час шансите се сè помали дека некој ќе се откаже. ИХФ ни даде надеж со тоа што нè смести како први резерви во случај на нечие откажување, но изгледа премногу се надевавме. Реалноста е дека никој не сака да испадне несериозен и на ден или два пред стартот на СП да се повлече. Дури и Чешка со 16 заразени од корона-вирус не сака да ни ослободи место.

Ракометарите се во исчекување дали во последен момент ќе отпатуваат во Египет, а затоа од денеска одбојкарите во Скопје играат квалификациски турнир за пласман на ЕП. Тие веќе имаа еден пласман на континенталниот шампионат, сега ќе се обидат да врзат два по ред. Веруваме дека ќе ја оправдаат фаворитската улога во двата меча против БиХ и дека ќе освојат некој бод, а зошто да не и каква било победа против Турција.

Одбојкарите се оптимисти дека во септември ќе се појават на ЕП, на прогнозерите им посочуваат да веруваат во нив и да се обложат на победи на Црвено-жолтите против БиХ.

Фудбалерите во јуни ќе играат на ЕП, а уште не знаат кој ќе ги води. На селекторот Игор Ангеловски му истече договорот. Празниците поминаа, време е ФФМ и Ангеловски да седнат на преговарачка маса и да се договорат. Во сите анкети на јавно мислење доминира мислењето дека Мрме треба да ја води Македонија на ЕП. Секоја друга опција би била ризична и не баш логична.

Викендов вистински хаос имаше и во Шпанија околу одигрувањето на натпреварите. Да не знае човек на што да се обложи, не се знае дали некој меч ќе биде одложен. Најголем хаос е во Мадрид, каде што толку снег не виделе со децении. Авионот на Реал по повеќечасовно чекање одвај полета кон Памплона и таму утредента не се снајде на снежното невреме, загуби два важни бода во трката за титулата.

Атлетик Билбао тргна кон Мадрид, но авионот се врати во Баскија, па Атлетико сега има дури три меча помалку од Реал и Барса. Каталонците ќарија од невремето, им се разигра Меси, а хит стана снимката како играчите на Рајо Валјекано, чиј член е голманот Столе Димитриевски, на снегот во Мадрид ги туркаат колите со кои требаше да заминат на гостување.

Секој со својата мака, некому му пречи снегот, некој е преокупиран со чекање милост, но едно нешто е константа: секогаш има што да се типува, јануари е долг месец во кој секоја добивка е добредојдена.

- Оглас -

Најнови вести