Штета за Иџе Стефановски – Џакон му влезе во клинч и го истурка од патеката во Имола

Игор Иџе Стефановски немаше среќа во Имола и беше и буквално истуркан од патеката во моментите кога беше на второто место.

Директно во клинч му влезе Џонатан Џакон, кој во тој момент беше третопласиран и во обид да го мине нашиот претставник во ТЦР шампионатот на Италија му го оштети автомобилот.

Стефановски се обиде да се врати на патеката, загуби позиција и мораше веднаш да оди во боксот.

Желбата да се заврши трката беше поголема од огромниот пех на македонскиот возач во италијанскиот шампионат и Иџе успеа да се врати, но добриот пласман изостана, исклучиво по вина на конкурентот Џакон.

На крајот Стефановски заврши на 10. позиција во последната трка од оваа сезона во ТЦР шампионатот на Италија. Поради проблемите со пандемијата со Ковид-19, Македонецот пропушти речиси половина сезона, но сепак успеа да стави печат на ова издание и да победи на патеката Валелунга во Рим.

Шпанецот Микел Аскона беше убедливо најбрз денеска во Имола и го освои првото место.

Во Генерален пласман прв низ целта како нов шампион во италијанскиот шампионат мина денеска петтопласираниот во Имола, Тавано.

 

- Оглас -

Најнови вести