Штиклите вечерва беа во мода, Де Јонг му конкурира на Матета (видео)
Напаѓачот на Севилја со безобразно добар погодок ги осигури бодовите.

Лук де Јонг го имаше моментот на блесок во дуелот меѓу Осасуна и Севилја, кој гостите го добија со 2-0, а токму холандскиот напаѓач ги осигури бодовите за Андалузијците.
Се играше 49-тата минута кога Мунир изгради простор да нафрли од левата страна, го пронајде Де Јонг, кој се местеше пред голот на домаќините и одлично реагираше со петата да ја смести топката во голот, поставувајќи ги конечните 2-0.
Де Јонг со својата мајсторија му конкурира на Жан-Филип Матета, младиот офанзивец на Кристал палас кој претходно вечерва реализира уште поубава „штикла“ против Брајтон.