Што бркаше Облак – Словенецот го загуби компасот за автогол каков што досега немало (Видео)

Атлетико Мадрид го декласира Кадис со 4:1 во меч со сите голови во второто полувреме, а единствениот на домашниот тим е од калибарот погодоци што вечно се паметат.

Невиден кикс и автогол си постигна еден од најдобрите голмани на светот, Јан Облак, кој потполно го загуби компасот во 86. минута и на неверoјатен начин ја врати топката во својата мрежа.

За среќа на голманот на Атлетико, мечот веќе беше решен, а голови за шампионот на Шпанија постигнаа Лемар, Гризман, Кореа и Куња.

 

 

- Оглас -

Најнови вести