Што ќе им е Роналдо кога го имаат Кјеза, Јуве им направи притисок на Милан и Наполи (Видео)

Јувентус прв „повлече нога“ во вечерашните натпревари од Серија А и поведе со 1-0 на гостувањето кај Болоња, иако игра без Крстијано Роналдо кој неочекувано остана на клупата за резерви.

За да се пласира во ЛШ, на Јувентус му треба победа, а Наполи или Милан да не победат. Засега наполитанците и Росонерите играат 0-0, особено Наполи не смее да си дозволи да киксира, бидејќи ќе биде петти ако има ист број бодови со Милан.

Голот за водство на Старата дама против Болоња го даде Федерико Кјеза. Погледнете ја акцијата која беше крунисана со погодок:

https://twitter.com/i/status/1396540746350698499

 

- Оглас -

Најнови вести