Што ли правеше Акрополис, овој шведски фудбалски тим вчера загуби со неверојатни 0-28!

Вчера во шведската Дивизија 2 група Нора Свеланд, која е четврта по ранг лига во таа земја, се одигра првото коло, а еден меч заврши со резултат 28-0 за гостите.

Стоксунд даде 13 гола во првото, и 15 во второто полувреме, па со 28-0 триумфираше на гостувањето кај Акрополис. Омур Пекташ беше стрелец на дури 10 гола.

Сепак, ако се знае дека Акрополис е речиси и без фудбалери, резултатот и не е светско чудо.

Поради финансиски проблеми и насобрани долгови, Акрополис беше префрлен во понизок ранг и на два дена пред почетокот на сезоната, не се појавија ни играчите ни тренерите. Челниците на клубот испратија покани до луѓе и прашаа кој сака да игра, па успеаја некако да извадат тим на терен.

Ако не најдат спонзори кои ќе го платат долгот од 200.000 евра, клубот може и да згасне.

- Оглас -

Најнови вести