Килијан Мбапе и буквално ги уби надежите на Монпелје за подвиг против Пари Сен Жермен со два спектакуларни потези, при кои уште еднаш покажа колку е моќен и брз фудбалер.
Во 19. минута и побегна на одбраната на гостите и го принуди голманот Омлин да го фаулира во ситуација еден на еден. Судијата Делајод најпрво му покажа жолт картон на голманот на Монпелје, но потоа по консултација со ВАР системот ја корегираше одлуката и го исклучи Омлин.
Моментот од 19. минута можете да го погледнете ОВДЕ.
По црвениот картон тренерот на гостите направи две принудни измени, а во меѓувреме Мбапе уште еднаш презентираше каков фудбалски велемајстор е, со прекрасен водечки гол за ПСЖ.
По првото полувреме актуелниот шампион води со 1:0, но и има играч повеќе во поле што е шанса за нов триумф и за скок на првото место на табелата.
Голот за предност на ПСЖ од 1:0 против Монпелје можете да го погледнете ОВДЕ.