Што му соопшти Лев на Сане? Баерн притиска, ќе има покер нови играчи кај Германците за мечот со Македонија (Фото)

Јоаким Лев и Лирој Сане имаа подолг разговор пред стартот на тренингот на Германците, последен пред утрешниот дуел со Македонија во Дуизбург.

Германските медиуми ова го толкуваат како најава за Сане дека нема да биде стартер на мечот против нашата репрезентација на „МСВ“ арената од 20.45 часот утре, а можни се уште три замени од стандарната постава што не се менуваше на претходните два меча, кога беа победени Исланд со 3:0 и Романсија со 1:0 со истите 11 стартери.

Сега е сигурно дека Мануел Нојер ќе почека за да брани по 99 пат за Германија и место него мрежата ќе ја чува Марк-Андре Тер Штеген. Интересно е што уште двајца членови на Баерн Минхен веројатно ќе се преселат на клупата за резерви.

Место Сане можно е да игра Амин Јунес, напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, а и Леон Горецка ќе има алтернатива и место него ќе настапи Флоријан Нојхаус.

Играчите на Баерн Минхен ќе играат на 7. април против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, па можно е Лев да одлучи да го одмори трилнигот на Баварците против Македонија.

Најавено е дека и Каи Хаверц ќе одмори, а место него ќе игра соиграчот од Челзи, Тимо Вернер.

 

- Оглас -

Најнови вести