Што направи Лукаку? Белгиецот одигра како стопер на Шахтар и го елиминира Интер од ЛШ (Видео)

Ромелу Лукаку е трагичарот на Интер откако се најде на патот на топката што веројатно ќе завршеше во мрежата на Шахтар во финишот на мечот, кој заврши без голови и ги елиминира и двете екипи од Лигата на шампионите.

Лукаку беше пред голот на 19-годишниот Анатоли Трубин и топката упатена од Алексис Санчес што одеше кон мрежата на гостите го погоди во главата и се одби во поле, наместо да заврши во голот за победа на Нераѕурите.

На Интер му требаше победа, но не успеа да го совлада Шахтар и по ремито без голови испадна од европските натпреварувања како последен во Б групата со шест бода.

Ремито е слаба утеха и за Шахтар, екипа што заврши на третото место со 8 бода, колку што има и Борусија Менхенгладбах, но со послаб меѓусебен биланс, па ќе продолжи во Лигата на Европа, а Германците одат во нокаут-фазата заедно со првопласираниот Реал Мадрид.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести