Што правел Куман во Барса? Играчите имаат сериозни обвиненија

Роналд Куман имаше неславна авантура како тренер во Барселона, а сега кога Чави Ернандес го замени на кормилото, излегуваат непријатни епизоди, но и многу сериозни обвиненија од дел од играчите.

Еден од тие што настрадаа е американскиот репрезентативец Сержињо Дест, кој има сериозни проблеми со самодовербата и со желбата да игра фудбал.

Барселона лани го плати 21 милиони евра кога 21-годишниот десен бек пристигна на „Камп Ноу“ од Ајакс.

Според каталонски „Спорт“ Куман често вербално му се нафрлал на Дест и тоа пред соиграчите што влијаело лошо на самиот фудбалер.

Сега Чави има проблеми како да го врати Дест на нормален колосек и во формата што ја прикажуваше во одредени секвенци од престојот во Барселона.

Дест остана во Барса, но затоа Џуниор Фирпо си замина во Лидс, а тој јавно проговори за односот на Куман кон него.

„Мене воопшто не ми се доаѓаше на тренинзи кога Куман ни беше тренер. Едноставно ја загубив желбата за фудбал. Не понижуваше често пред сите. Замислите никогаш не доаѓаше на тренингот на резервните играчи што е вообичаен еден ден по одигран натпревар. Како ќе му се наметнете на тренер што не сака да ве гледа на тренинг? Мене лично и ме лажеше дека тренирам лошо и дека не влијаам позитивно на атмосферата во тимот, кога го прашав за мојата иднина во Барселона. Како може фудбалер штотуку пристигнат во клубот да влијае лошо на клуб што има освоено се? Го прашав и ми одговори нешто неразбирливо и нервозно, по што посакав да си заминам само заради него“, изјави Фирпо.

Куман доби отказ, а го наследи Чави, кој има многу проблеми во тимот и како што истакнува, дел од играчите имаат проблеми со самодовербата.

- Оглас -

Најнови вести